Изјава о приватности, услови коришћења, политика колачића | NpoSoft

Општи услови

ИЗБЕРЕТЕ СИСТЕМ:

Политика на приватност, услови за користење, политика на приватност

Ви се заблагодаруваме што ја посетивте нашата веб-страница. Се надеваме дека ќе уживате во дополнителното запознавање со компанијата NpoSoft-u и со нашите производи.

NpoSoft го почитува вашето право на приватност при користењето на веб-страницата и при електронската комуникација со нас. Ги презедовме сите потребни мерки за да може личните информации што ни ги даваат да бидат безбедни. Клучни прашања и одговори.

Важно е да се наспомене дека NpoSoft „Контролор на податоците“ на вашите лични информации. Начелата за приватност наведени во оваа изјава се однесуваат на сите „Контролори на податоците “ во NpoSoft

Ви понудивме неколку клучни прашања за кои веруваме дека сакате да го знаете одговорот. Овие одговори ќе ве информираат за правата што се однесуваат на вашите лични податоци и за мерките што NpoSoft ги презема за заштита на приватноста и за безбедноста на личните податоци. Се надеваме дека овие информации ќе ви користат.


Кои лични податоци NpoSoft ги прибира преку оваа веб-страница и на кој начин?

Ги прибираме само оние лични податоци што вие сакате да ни ги дадете или оние што се неопходни за да ви ги обезбедиме (и да ги унапредиме) услугите. Ги прибираме директните лични податоци како што се: име, адреса и имејл-адреса, како и недиректни податоци како што се „cookies“ (следење), врска и информации за системот.

Може да ни ги дадете своите имејл-адреса, име, телефонскиот број и сл., за да ви дадеме информации за нашите производи, за можностите за учество во нашите натпревари или анкети или едноставно ако сакате да бидете информирани за активностите на компанијата NpoSoft.

Бидете сигурни дека NpoSoft дооел ги презема сите неопходни мерки за да ја обезбеди сигурноста на вашите лични информации.

Како NpoSoft ја осигурува безбедноста на вашите лични податоци?

NpoSoft ги презема сите потребни мерки за да бидат безбедни вашите лични информации. Само овластени вработени во компанијата NpoSoft Македонија дооел, партнерските компании што ни даваат услуги и нашите деловни партнери, т.е. овластени вработени (кои со договор се обврзале дека ќе ги чуваат сите информации, имаат пристап до вашите лични податоци.

Вработените во NpoSoft кои имаат пристап до вашите лични податоци мора да се придржуваат кон правилата на Изјавата за приватност на NpoSoft, а сите деловни партнери кои имаат пристап до вашите лични податоци, имаат потпишано договор за заштита на податоците.
Исто така, договорите ги имаат потпишано и партнерските компании што имаат пристап до вашите лични податоци, за да бидеме сигурни дека тие информации и понатаму ќе бидат сигурни. За да ја обезбедиме сигурноста на вашите лични податоци, NpoSoft постојано го надградува својот Информатички систем, па на тој начин има соодветни мерки за спречување на неовластен пристап (на пр. хакирање).

За кои цели NpoSoft ги користи вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ќе се користат само во интерес на работењето на NpoSoft, како и за управување, поддршка и добивање повратни информации за дадената услуга и за да се спречи нарушувањето на безбедноста, на законите и на условите од договорот.
NpoSoft исто така може вашите лични податоци да ги споделува со партнерските компании, но само во подолу наведените строго ограничени околности: може да ги понудиме вашите лични податоци на партнерските компании (како што е нашиот давател на интернет-услуги), кои ни помагаат во одржувањето на оваа веб-страница. Некои од овие деловни партнери може да имаат седиште надвор од земјата во која сте пристапиле во оваа веб-страница; Може да ги проследиме вашите лични податоци до државни тела и агенции за спроведување на законот.

Кому NpoSoft Група ги открива вашите лични податоци и зошто?

NpoSoft никогаш нема вашите лични податоци да ги споделува со деловните соработници кои имаат намера да ги искористат за директни маркетиншки цели, освен ако ни немате дадено дозвола за тоа.

'Cookies' ("технологија на следење") – Како и зошто NpoSoft ги користи?
NpoSoft ја користи технологијата на следење (cookies) за прибирање лични податоци како што се видови прегледници и оперативен систем, соодветната страница, патот преку страницата, ISP-доменот и слично, за да разбереме како посетителите ја користат оваа веб-страница. Cookies ни помага во приспособувањето на оваа веб-страница кон вашите лични потреби.
NpoSoft ги чува сите информации собрани преку cookies во не-лично идентификуван формат. Овој тип информации добиени преку cookies нема да бидат проследени надвор од NpoSoft Група или кон определени трети страни. Нема да се користат за непредвидени комуникации.
NpoSoft ги чува сите информации собрани преку cookies во не-лично идентификуван формат. Овој тип информации добиени преку cookies нема да бидат проследени надвор од NpoSoft Група или кон определени трети страни. Нема да се користат за непредвидени комуникации.
Cookies сместени на вашиот компјутер не го содржат вашето име, туку IP-адресата. Откако сесијата на корисникот е прекината, информациите содржани во cookies повеќе не му се достапни на NpoSoft.
Ве молиме да проверите дали нагодувањето на вашиот компјутер поддржува можност за прифаќање на cookies или не. Може да го нагодите вашиот компјутер така што ќе ве предупреди пред да ги прифатите cookies или може да го нагодите да ги одбива, иако во тој случај нема да имате пристап до сите можности на оваа страница. Под опцијата „Help“ на менито проверете како тоа може да го сторите. Не мора да имате вклучена опција за примање на cookies за да ги користите повеќето делови од оваа и од други веб-страници на NpoSoft. Запомнете: доколку користите различни компјутери на различни места, ќе мора да проверите дали секој од нив е приспособен кон вашето нагодување на примање на cookies.

Колку долго NpoSoft ги задржува вашите лични податоци?

NpoSoft може да ги складира личните информации испратени преку оваа веб-страница во своите бази на податоци. Вашите лични податоци ќе се чуваат од страна на NpoSoft само онолку долго колку што е неопходно да одговори на прашањето или да ги реши проблемите, да обезбеди подобри и нови услуги, а во согласност со законските одредби според важечкиот закон. Тоа значи дека може да ги задржиме вашите лични информации откако ќе престанете да ги користите услугите на NpoSoft или ќе прекинете со користењето на оваа веб-страница. По тој период, вашите лични информации ќе бидат избришани во сите системи во рамките на NpoSoft.

Дали NpoSoft веб-страницата се поврзува со другите веб-страници и што тогаш се случува со моите лични податоци?

Линковите на другите веб-страници на NpoSoft може да ве одведат надвор од мрежата на NpoSoft . NpoSoft нема одговорност за содржината, точноста или функцијата на тие страници. Линковите се дадени со добра намера и NpoSoft не се смета одговорна за какви било подоцнежни промени на другите веб-страници за кои сме дале линк. Вклучување на линкови на други веб-страници не значи потврда од NpoSoft. Ви препорачуваме да бидете претпазливи и внимателно да ги прочитате законските известувања за приватноста на другите веб-страници што ги посетувате.

Може ли NpoSoft дополнително да ги промени условите на Политиката на приватност?

Го задржуваме правото за измена и исправка на ова известување. Ве молиме, пристапувајте на оваа веб-страница одвреме-навреме за да имате преглед на новите информации.

Важно – Зошто мора да ги прифатам условите наведени во Изјавата за приватност?

NpoSoft е глобална компанија која го користи интернетот за добивање и за обработка на вашите лични податоци. Секако, тоа подразбира обработка и пренос на вашите лични податоци преку граница. Оваа Изјава за приватност ви ги дава сите неопходни информации (на едноставен начин) за да може да изберете дали да ја користите оваа веб-страница и да ги испратите своите лични податоци на компанијата NpoSoft или не.
Во согласност со тоа, при посетата на нашата веб-страница и при комуникацијата по електронски пат со нас, се согласувате и прифаќате да ги обработуваме вашите лични информации на начин како што е дефинирано во оваа Изјава за приватност.

Oglasi naših partnera